Нестор не заигра за Удинезе, Болоња избегна пораз во 90+2

Удинезе во последните секунди од дуелот против Болоња прими израмнувачки гол за конечни 1-1. Родриго Паласио не им дозволи на Зебрите да го запишат само третиот гостински триумф во Калчо лигата, додека во ремито шанса за настап не доби Илија Несторовски. Македонскиот репрезентативец повторно остана на клупата како и во претходното коло против Верона.

Окака со погодокот во 33-тата минута му донесе предност на Удинезе, но тоа не беше доволно за Удинезе да запише победа по шест разочарувачки резултати во шампионатот. Удинезе останува на 15-тото место со 27 бода, додека Болоња е на 10-тата позиција со 34 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести