Трети пораз по ред за екипата на Удинезе, чиј дрес го носи македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Удинезе во првото коло го победи Милан со 1-0, а потоа врза три порази едноподруго, денеска од Бреша со 0-1.
Тренерот Игор Тудор не го смести Несторовски во почетниот состав. Бреша поведе во 57-ма минута, а хрватскиот стручњак го стави во игра Македонецот дури во 86-та минута, се чини задоцнето, за да може нешто сериозно да смени.