Несторовски го даде првиот гол за Удинезе во стартот на подготовките за новата сезона

Подготовките за новата сезона во дресот на Удинезе започнаа на најдобар начин за Илија Несторовски. Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол за италијанскиот калчолигаш во тест мечот против австрискиот нисколигаш Австрија Лиенц.

Удинезе победи со убедливи 11:0, а на полувреме италијанскиот тим водеше со 6:0. Освен Несторовски, меѓу стрелците на Удинезе во првиот меч беа и Ловриќ (два гола), Макенго (два гола), Арслан (два гола), а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Кокета, Делофеу, Переира и Суцес.

- Оглас -

Најнови вести