Несторовски играше на Сицилија, сега има понуда од клуб од Сардинија

Калјари е заинтерсиран за ангажман на Илија Несторовски, објави еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука ди Марцио од „Скај Италија“.

Поранешниот македонски репрезентативец за три дена ќе биде слободен играч откако му завршува договорот со Удинезе и има шанси да остане во Италија, но би играл во Втората лига, односно во Серија Б, ако се оствари најавата за трансфер во Калјари.

Несторовски играше за Палермо на Сицилија од 2016 до 2019 година, а ако потпише за Калјари, би настапувал на Сардинија, двата најпознати и најголеми острови на делот од Медитеранот во Италија.

Кајлари по долги години како стабилен прволигаш минатата сезона испадна во Серија Б и има амбциии експресно да се врати во Првата лига во Италија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести