Несторовски се врати со голови – Хет-трик против Илирија, серијата му е шест погодоци на три меча

Илија Несторовски повторно блесна со голови за Удинезе, а денеска на пријателскиот меч против Илирија постигна хет-трик и ја продолжи серијата погодоци, која сега изнесува шест на последните три меча.

Популарниот Несто-гол играше само во второто полувреме, но и тоа му беше доволно за гол-шоу и хет-трик против Словенците.

Првиот гол го даде речиси со првиот допир на топката во 46 минута, а потоа беше прецизен и во 72. и во 83. минута.

Претходно Несторовски постигна еден гол против Линц и тоа првиот во подготвителниот период за Удинезе, а потоа беше двоен стрелец против Унион Берлин.

Нашиот репрезентативец неодамна го продолжи договорот со Удинезе до идната година, а како игра блиску е до место во стартната постава на почетокот на новата сезона во Серија А во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести