Несторовски сепак останува во Удинезе

Илија Несторовски и Удинезе ја продолжија соработката на уште една година. Новиот договор на Нестор-гол важи до јуни 2023 година.

Со ова е ставен крај на дилемите околу иднината на македонскиот интернационалец, кој пред овој потпис имаше повеќе понуди од неколку калчолигаши.

https://twitter.com/Udinese_1896/status/1543903199316295680

Несторовски стана член на Удинезе во летото 2019 година, кога како слободен играч пристигна од Палермо. За Зебрите досега запиша 62 настапи со учинок од 6 погодоци и 2 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести