Несторовски: Тежок пораз, но веќе мислиме на Милан

Илија Несторовски не можеше многу да му помогне на Удинезе во куп дуелот со Јувентус, не постигна гол против силниот противник, но рече дека немаат време за жалење, и мора да мислат како да извлечат добар резултат на неделното гостување кај Милан. Летоска Удинезе на свој терен ги совлада Росонерите со 1-0, па сега Милан со Ибрахимовиќ во составот ќе сака да им се реваншира на фриулијаните.

„Сакавме да одиграме добро и да пставиме позитивен впечаток, но против нас имаше силен тим. Поразот од Јувентус е тежок, но гледаме напред, и веќе почнуваме да се концентрираме на мечот со Милан. Треба да ги исправиме грешките и повеќе да работиме на тренинзите. Имаме добра серија резултати во првенството, па и во Милано одиме да освоиме бодови. Со ваков дух може да напредуваме како тим, сите треба да даваме 100 проценти, да се бориме за место во тимот, за сите е добро кога има конкуренција“ – изјави Несторовски кој не е редовен стартер во Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести