Неуспешен обид да се спречи трансферот на Олмо во Лајпциг

Дани Олмо, младата шпанска ѕвезда која до вчера ги бранеше боите на Динамо Загреб, одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на бундеслигашот Лајпциг. Неговиот трансфер вреден 30 милиони евра ги урна сите рекорди на балканскиот фудбал, а имало шанси и да не се оствари.

Имено, додека претставниците на Динамо и Лајпциг привршувале со реализација на ангажманот, од таборот на Баерн Минхен дури четирипати се обиделе да стапат во контакт со челниците на хрватскиот првак со обид да го спречат трансферот. Наводно Баварците ќе понуделе подобра сума, меѓутоа нивните очајни обиди завршиле неуспешно.

Дури и самиот Олмо веќе одлучил да ја продолжи кариерата во тимот којшто го води Џулијан Нагелсман. За него Лајпциг е вистински чекор каде што ќе може да се доразвие како врвен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести