Неверојатен гол во НХЛ-лигата кој мора да се види (Видео)

Синоќа на натпреварот од НХЛ-лигата помеѓу Њујорк ајлендерс и Вашингтон капиталс беше постигнат прекрасен гол, веројатно најубавиот сезонава во најсилната хокеарска лига на светот.

Островјаните победија со убедливи 8-4, а најрасположен хокеар во победничкиот тим беше Канаѓанецот Метју Барзал, кој постигна три гола. Едниот му беше за паметење. Барзал го зеде пакот зад голот на неговиот тим и потоа со слалом се прошета низ противничките дефанзивци, крунисувајќи ја соло-акцијата со гол.

Погледнете, вреди да се види:

- Оглас -

Најнови вести