Неверојатен кош со звукот на сирената ги однесе во финалето на Истокот (Видео)

Торонто репторс победи во решавачкиот седми меч против Филаделфија и ќе игра во финалето на Истокот во НБА-плејофот. Мечот беше неверојатно интересен и драматичен, а на крајот домаќините славеа со 92:90.

Фактот дека се работи за меч кој мора да се добие за да се остане во трка за титулата во НБА-лигата направи двата тима многу да промашуваат, но и ниту една екипа да нема повисоко водство. Како што ѝ личи на една мајсторка, победникот беше решен буквално во последниот напад, односно во последната секунда.

При нерешен резултат 90:90, останаа малку повеќе од 4 секунди за Торонто да организира напад. Тоа беше доволно за Ленард да направи фантастичен потег. Ја зеде топката во своите раце, се обиде да најде чиста позиција за да шутира, но гостите одлично го чуваат. Ленард се најде во аголот на игралиштето и од таму шутираше преку раката на противникот. Топката удри во обрачот, неколку пати си поигра со нервите на сите во салата и на крајот влезе во кошот. Тоа беше знак дека може да почне славењето во Торонто.

Ленард беше незадржлив во текот на целиот меч, па даде 41 поен, што е речиси половина од поените за домаќините. Во сите седум меча против Филаделфија, ѕвездата на Торонто постигна вкупно 243 поени, односн во просек речиси по 35 поени на меч.

Милвоки бакс е противникот на Торонто во конференциското финале.

- Оглас -

Најнови вести