Неверојатен пропуст на Светците, објавено видео на кое ѕвезда на ПСЖ на тренинг ја навредува Барселона (Видео)

Прес службата на ПСЖ направи неверојатен пропуст и објави видео од еден од тренинзите на првиот тим во кое еден од фудбалерите ја навредуваше Барселона. Станува збор за Лукас Ернандес кој летово во ПСЖ пристигна од Баерн Минхен.

На видеото може да се слушне како Килијан Мбапе му зборува на новиот соиграч, Осман Дембеле, кој пристигна токму од Барселона.

„Доаѓаш од Барселона, зошто не пееш?
Тогаш се слуша како друг играч одговора:
„Како таа п***ана екипа, Барселона, може да те научи да пееш?“.

https://twitter.com/i/status/1695794212464128215

Француските медиуми објавија дека овие зборови се на Лукас Ернандес кој пред да потпише за Баерн Минхен, настапуваше за Атлетикот Мадрид.

Ернандес кој е роден во Марсеј, во 2019 година од Атлетико за 80 милиони евра се пресели во Баерн Минхен, додека ПСЖ летово плати 50 милиони за да го донесе на „Паркот на принцевите“

- Оглас -

Најнови вести