Неверојатна драма во последното коло: ВАР-системот го одлучи шампионот (Видео)

Фудбалерите на Фламенго се израдуваа на титулата во бразилското првенство, иако во последното коло загубија на гости кај Сао Пауло со 1:2. Во пресрет на последните 90 минути од шампионатот, Фламенго имаше два бода повеќе од второпласираниот Интернасионал, а по поразот од Сао Пауло, беше на прагот да го загуби трофејот.

За нивна среќа, Интернасионал на свој терен не успеа да го победи Коринтијанс и одигра 0:0, па на крајот Фламенго заврши со 72 бодови, а Интернасионал остана со бод помалку. Да биде драмата поголема, Интернасионал во првото полувреме доби пенал, но по консултација со ВАР-системот, одлуката беше поништена.

Во завршницата играчите на Интернасионал нападнаа со сите сили и постигнаа два погодоци, но двата беа поништени поради офсајд и на крајот мечот заврши 0:0, а титулата замина во рацете на фудбалерите на Фламенго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести