30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Неверојатна грешка го реши првакот во Лига шампиони на Јужна Америка (Видео)

Палмеирас ја одбрани титулата за најдобар тим во Копа Либертадорес, натпреварување кое ја има истата вредност како Лигата на шампиони во Европа. Во финалето кое се играше во Монтевидео, Уругвај, Палмеирас со 2:1 славеше над бразилскиот ривал Фламенго.

По регуларните 90 минути беше 1:1. Веига погоди уште во петата минута за водство на Палмеирас, а Фламенго стигна до израмнување благодарение на погодокот на Габриел Барбоса во 72 минута, па мораше да се играат дополнителни 30 минути продолжување.

Клучниот момент на мечот се случи во 94 минута кога Дејверсон успеа да украде една топка од противниците и непречен од никого да го матира противничкиот голман за 2:1. Токму овој гол беше клучен за одлуката кој тим ќе ја освои континенталната титула во Јужна Америка.

Палмеирас е само трет бразилски клуб кој успеал да го одбрани тронот во Копа Либертадорес, по Сантос и Сао Пауло. Последен пат Копа Либертадорес два пати во низа ја освои Бока Јуниос во 2000 и 2001 година.

За триумфот во Копа Ливертадорес, екипата на Палмеирас вкупно ќе добие парична награда од 22 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести