Неверојатна изјава: Не се враќам во репрезентација бидејќи селекторот не дозволува да се пушат цигари

Раџа Најнголан со своите добри претстави во Ројал Антверп повторно го сврте вниманието кон себе.

Јавноста во Белгија иницираше повторно враќање во репрезентацијата на играчот од средината на теренот, но тој кажа дека нема да се врати додека не се сменат некои работи.

„Кога би дошол повик од селекторот Роберто Мартинез, не би го прифатил бидејќи тој не дозволува да се пушат цигари и играчите да се опуштат со излегување, што сметам дека е апсурдно.

Јас немам никакви проблеми со белите дробови поради цигарите, а тврдам и дека излегувањата не влијаат на кариерата. Сите ние имаме период во кој треба да се опуштиме.

Ако играчот го дава максимумот на теренот за време на натпревар и тренинг, тогаш тренерот нема што да се меша во приватниот живот“, изјави Најнголан.

Некогашниот фудбалер на Интер, Рома и Калјари има 30 настапи за А репрезентацијата на Белгија.

- Оглас -

Најнови вести