Неверојатна приказна во Мадрид: Загуби во квалификациите, па стигна до полуфиналето!

Руската тенисерка која се натпреварува под знамето на Австрија, Анастасија Потапова испиша историја во женскиот тенис. Потапова се пласираше во полуфиналето на турнирот од серијата 1000 кој се игра во Мадрид, откако по голема борба ја победи Каролина Плишкова со 6:1, 6:7, 6:3.

Можеше Потапова уште во два сета да ја реши целата работа против некогашната најдбра тенисерка во светот според ВТА листата, но пропушти три меч топки пропушти две меч топки и тоа на свој сервис. Потоа во третиот сет, Потапова се најде во незавидна ситуација бидејќи губеше со 1:3 во гемови, но успеа да ги освои следните пет гема и го доби сетот со 6:3, за голема победа и пласман во полуфиналето во Мадрид.

Моментално 56-тата тенисерка на ВТА листата воопшто не требаше да биде дел од овој турнир. Потапова во квалификациите загуби од Краус, но доби шанса да игра на главниот турнир откако доби вајлд-карта. Со денешката победа над Плишкова, таа стана првата тенисерка која добила „вајлд-карта“ за настап, а да се пласира во полуфинале на Мастерс серија 1000 турнир.

Оваа 25-годишна тенисерка, во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Линда Носкова и Марта Костјук.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести