Неверојатна статистика на Облак

Словенечкиот голман Јан Облак е еден од најдобрите чувари на мрежата во светот, а тоа го потврдува и со еден неверојатен статистички податок откако е во Атлетико Мадрид. Квалитетот на Облак не е спорен, а од 2014/15 наваму, во шпанската лига тој примил голови на 71 меч, а мрежата му останала недопрена дури на 72 меча.

Секако, заслуга за овие податоци има и челичната одбрана на Атлетико, но и Облак е феноменален голман. Атлетико викендов одигра 0-0 со Реал Мадрид, а Облак имаше интервенции кои може да ги направи само врвен голман. Тоа беше четврта средба сезонава на која Атлетико и Облак не примија гол.

Рекордот на Облак е 24 меча без примен гол, успех кој му појде од рака во 2015/16. И покрај овие бројки, во изборот на ФИФА, Словенецот не беше прогласен за голман на годината, туку признанието го доби Тибо Куртуа, а Давид де Хеа беше во идеалниот тим. Голманот на „јорганџиите“ не е семоќен, во ЛШ билансот не му е толку импресивен, но некогаш прима голови и кои не се бранат, како синоќешниот против Бриж.

- Оглас -

Најнови вести