Неверојатна трансформација на Тајсон Фјури за две години (Фото)

Светскиот првак во бокс тешка категорија, во верзијата ВБЦ, Тајсон Фјури, откако го нокаутираше Дионте Валјдер минатиот викенд, се пофали со своето тело, и посети како изгледал пред само две години кога имал доста повеќе килограми и сало наместо развиени мускули.

Кралот на Ромите после пет години се врати на тронот во тешка категорија, откако во 2015 година го симна од тронот Владимир Кличко. Но, не беше константен, дојдоа психички проблеми, им се препушти на алкохолот и други пороци, беше на раб на самоубиство, имаше над 170 килограми.

Но, за две години многу работи се сменија, и од очаен човек, Британецот пак е на врвот. Погледнете каква трансформација се случи кај Фјури:

https://www.instagram.com/p/B9KH-JXJc7l/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести