Неверојатна утка пред празен гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ (видео)

Николас Рениеро нема да ја памети по добро победата од 1-0 на својот тим Аргентинос јуниорс против Њуелс олд бојс бидејќи ја зачуди јавноста со своето неверојатно промашување пред празен гол.

На стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Буенос Аирес се играше првата минута од судиското надополнување, кога гостинскиот одбранбен играч не се разбра со својот голман и му подарија златна шанса на Рениеро да ги реши дилемите, а овој шутна посилно од што требаше и ја погоди гредата наместо празниот гол.

https://twitter.com/GolesLatam/status/1419827752316940297

- Оглас -

Најнови вести