Неверојатна животна приказна на ѕвездата на Јунајтед, сега заработува милиони, а во минатото девојката му купувала влезници за кино

Манчестер јунајтед во саботата го совлада градскиот ривал Манчестер сити со 2:1 во финалето на ФА Купот, а шампионскиот пехар го крена капитенот Бруно Фернандес која има неверојатна приказна.

Португалецот кој беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед во дуелот со Сити, во интервју за „Плеерс трибјун“, ја отвори душата и зборуваше за неговите фудбалски почетоци и животот на работ на сиромаштија кога неговата девојка го честела и му купувала билети за кино.

Бруно на 17-годишна возраст замина во Италија во обид да направи фудбалска кариера, а во тоа време живееше заедно со својата девојка, а сега сопруга Ана Пињо. Тие живееле многу скромно, и додека тој бил целосно посветен на фудбалот, Ана Пињо работела неколку работи.

„Ана е со мене од нашите 16,17,18 години. Се запознавме како тинејџери, а кога почнавме да излегуваме јас не заработував од фудбалот. Таа работеше како фудбалска судијка и знаеше во саботите да ја дели правдата на три-четири натпревари за потоа во неделите да одевме во кино. Јас во тоа време немав пари, па Ана ги плаќаше влезниците за кино“, открива фудбалерот на Јунајтед кој потоа изјави дека го добил најубавиот совет од сегашната сопруга.

„Ана се сеќаваш ли кога спортскиот директор на Удинезе ме повика и ми рече дека повеќе не ме сакаат? Се сеќаваш дека посрамен си заминав од вечерата? Се сеќаваш ли кога плачев во хотелската соба и се сеќаваш ли што ми рече: Ова е твојот сон и продолжи“.

Откако не успеа да наметне во Италија, Бруно Фернандес во 2017 година се врати во Португалија каде потпиша за Спортинг Лисабон и стана еден од најдобрите играчи во Европа. Во 2020 година, во трансфер вреден 65 милиони евра, Португалецот потпиша за Манчестер јунајтед каде сега е капитен.

- Оглас -

Најнови вести