Неверојатни бројки: Јамал на 18 години има три титули во Шпанија, вкупно седум во кариерата

Ламин Јамал не играше на синоќешното Ел Класико против Реал Мадрид, но каталонскиот гигант и без него успеа да победи со 2:0 и на тој начин и официјално да ја одбрани титулата во домашниот шампионат. Веднаш по мечот, Јамал беше подготвен за славење и им се приклучи на соиграчите на теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BlaugranaTimee 🗞 (@blaugranatimee)

Со освојување на овој трофеј, тинејџерот само ја продолжува неверојатната низа на трофеи кои ги има освоено, а уште нема наполнето ни 19 години. За Јамал ова е трета титула во првенството на Шпанија (2023, 2025 и 2026), што е подвиг кој тешко се постигнува.

Освен трите трофеи во домашното првенство, Јамал има освоено уште четири големи пехари. Двапати се радуваше на освоениот Суперкуп во Шпанија, има еден трофеј и од Купот на Шпанија, а со репрезентацијата на Шпанија во 2024 година стана европски првак.

Феноменални бројки зад името на тинејџер кој има само 18 години.

- Оглас -

Најнови вести