Легендата на Премиер лигата збесна: Дајте му ја веднаш титулата на Арсенал

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, повторно предизвика бура кај англиската јавност по контроверзната одлука за ВАР-системот на натпреварот Вест хем – Арсенал, каде што голот на домашниот тим беше поништен поради наводен фаул врз голманот Дејвид Раја.

Арсенал победи со 1:0 против Вест хем и Топчиите се зацврстија на првото место на табелата, додека Чеканите остануваат во зоната за испаѓање. Освен погодокот на гостите, гол даде и Вест хем, и тоа во 90+4 минута, но подоцна беше поништен поради фаул над голманот.

Рој Кин, кој работи како аналитичар, жестоко ја нападна одлуката на судијата да ја прифати ВАР-сугестијата дека има фаул и Вест хем остана без посакуваниот бод, а Арсенал ги освои трите бода.

„Да ви кажам нешто, таа ВАР-одлуката е голема срамота, апсолутна шега. Цела сезона играчите на Арсенал го опколуваат противничкиот голман, се туркаат, го блокираат. Тоа им е главна тактика од првиот ден. Го видовме тоа и против нас на ‘Олд Трафорд’. Никогаш нема реакција против нив, а сега, на важен дуел, одеднаш имало фаул над Рајо? Се шегувате? Ова е срамота. Можете веднаш да му ја дадете титулата на Арсенал“, рече Кин, кој остро додаде дека погодокот на Вест хем морало да биде признат.

„Вест хем успеа да даде гол и да израмни, а потоа некој најде начин да биде поништен тој погодок“, додаде Кин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести