Пол Погба ги разгневи навивачите на Монако, тие бараат ѕвездата да си оди од тимот (Видео)

Монако на домашен терен загуби од Лил со 1:0 и по овој неуспех, тимот од Кнежеството ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. По 33 кола, Монако остана на 54 бода и е на седмото место, додека Лил со победата сега стигна до 61 бод и се искачи на третото место на табелата.

Навивачите на Монако по мечот го најдоа „виновникот“, а тоа е Пол Погба. Фановите се гневни на Погба поради неговото однесување по поразот. Искусниот 33-годишен фудбалер кој доби шанса да се врати во форма и Монако потпиша со него, по поразот од Лил е забележан како насмеан разговара со четворица фудбалери на Лил.

Навивачите тоа го протолкуваа како на Погба воопшто да не му е грижа за тоа што Монако загуби и остана без шанса за пласман во Лигата на шампионите, па сега преку коментари на социјалните мрежи бараат дури и Погба да си замине од Монако.

„Овој дечко тука дојде само да размислува за своето убаво лице и да се зафркава. Баш му е гајле. Што побрзо исфрлете го од клубот“, беше еден од коментарите.

Сепак, факт е дека Погба немаше големо влијание на лошата сезона на Монако затоа што не играше многу. Сепак, тоа што беше забележан како се смее со противничките играчи по поразот во еден од најважните дуели, го направи да биде еден од главните виновници. Други навивачи застанаа зад Погба, велејќи дека и останатите фудбалери го прават истото. „Многу наши фудбалери го прават истото што го направи Погба. Баш им е гајле. Некои сакаат да си одат, други го чекаат Светското првенство. Уживаат во Монако“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести