И денеска има мадридско-каталонски дуел, во Русија се решава за титула, Тотенхем и Наполи бркаат победи

1104 Тотенхем – Лидс (21 ч.)

Само со 37 бода од 35 меча, Тотенхем се наоѓа на 17-тото место и е во ситуација кога може да испадне од Премиер лигата. Затоа Тотенхем мора да брка победа против Лидс, кој има со 43 бода и исто така уште не е сигурно спасен.

Лидс е во серија од шест меча без пораз, но и Тотенхем влезе во добра низа и освои седум од можните девет бода во последните три меча. Традицијата вели дека Тотенхем победил на последните пет меча против Лидс и сега за нив е многу важно оваа низа да продолжи. На последните 10 дуели на овие ривали секогаш имало 3+ погодоци.

Предлог тип:1&3+ (2.70)

 

3010 Наполи – Болоња (20:45 ч.)

Наполи не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, но до крајот на оваа сезона ќе се обиде да го задржи второто место на табелата. Болоња ниту може да оди во Европа, ниту многу да падне на табелата, па гостите се без притисок на овој меч.

На последните шест средби на овие ривали билансот е израмнет, по две победи на двата тима и две нерешени. Дури пет од овие шест средби завршиле со не повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.71)

 

1360 Рајо Ваљекано – Жирона (21 ч.)

Рајо Ваљекано игра историска сезона, но не поради настапите во шпанското првенство, туку со пласманот во финалето на Конференциската лига на УЕФА. Жирона ја чека пеколен финиш затоа што моментно има само еден бод повеќе од Алавес, кој е во зоната за испаѓање. Тимот од Каталонија освои само еден бод на последните четири меча, па ќе биде многу тешко да се надева на бодови на ова гостување во Мадрид.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.91)

 

1012 Милвол – Хал (21 ч.)

Милвол само за еден бод не успеа да обезбеди директен пласман во Премиер лигата за следната сезона, па сега преку плејофот ќе се обиде да стигне до елитата. Хал заврши на шестото место дури со 10 бода помалку од Милвол, па ќе биде чудно ако гостите изненадат.

Првиот меч од полуфиналето на плејофот заврши без погодоци, што значи дека вечерва мора да има гол(ови) и победик за да се дознае тимот кој ќе игра во финалето на плејофот за влез во Премиер лигата.

Предлог тип: 1-3 I 1-3 II (1.98)

 

3208 Динамо Москва – Краснодар (19 ч.)

Меч кој може многу да реши околу титулата во Русијa. Динамо е сигурен на средина од табелата, додека Краснодар со евентуална победа ќе биде лидер на табелата со 66 бода и би имал еден повеќе од Зенит, кој сега е лидер со 65 бода.

Интересно е дека на 10 од последните 11 дуели на овие два ривали биле со НГ ситуација (еден од два та тима да не постигне гол), а дури на осум немало повеќе од еден гол.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.75)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести