Неверојатни обвинувања: Аргентинец обвинет дека со црна магија обезбедил место во Катар, сега е исфрлен од репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Аргентина претстојните два пријателски натпревари против Курасао и Панама, ќе ги искористи уште еднаш да го одбележи освојувањето на титулата на Светското првенство што се одржа во Катар, но на овие дуели ќе го нема Алехандро Папу Гомес.

Тој во последен момент беше повикан да биде дел од репрезентацијата на Аргентина на СП во Катар како замена за повредениот Џовани ло Селсо, а сега аргентинскиот ЕСПН објави неверојатна приказна.

Според телевизијата, Папу Гомес е остранет од репрезентацијата бидејќи селекторот Лионел Скалони открил дека тој користел црна магија за да биде дел од Гаучосите на СП во Катар.

Тој наводно побарал од жена која се занимавала со црна магија, да му фрли клетва на Ло Селсо.

Папу Гомес ги демантира овие обвинувања и тврди дека поради повреда нема да биде дел од репрезентацијата.

„За жал поради повреда нема да можам да бидам дел од репрезентација. Многу ми е тешко и тажен сум бидејќи би сакал да бидам таму. Во благодарам на сите за пораките и се гледаме во следна можност. Јас ќе продолжам со рехабилитацијата за да можам што побрзо да се вратам на терените“, напиша Папу Гомес на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести