Неверојатни сцени: Кошаркар за време на натпревар сакаше да се тепа со противнички играч, а по мечот пред сала го чекаше со шипка во раката (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Романија и од натпреварот меѓу Орадеа и Клуж во кошаркарскиот шампионат.

Имено, во 13-тата минута од натпреварот, играчот на Орадеа, Никола Марковиќ, го оттурна со рамото противничкиот играч, Кубанецот Карел Гузман, кој притоа падна, но веднаш стана и тргна физички да се пресмета со Марковиќ.

Соиграчите едвај успеаја да го смират Кубанецот, кој потоа беше исклучен, како и Марковиќ.

Но, шокантни сцени се снимени пред салата, каде што Гузман со шипка во раката го чекаше Марковиќ за да се пресмета со него.

 

- Оглас -

Најнови вести