Неверојатни сцени во УФЦ: Борецот молеше борбата за прекине, тренерот не му даде (Видео)

Во Лас Вегас синоќа се одржаа неколку борби во УФЦ, а најконтроверзниот момент се случи на самиот почеток, односно во првата борба. Макс Рошкопф загуби од Остин Хубард, откако реши да ја прекине борбата пред почеток на третата рунда.

По првите две рунди, Рошкопф доби неколку тешки удари, беше исцрпен и кога седна на паузата пред третата рунда, започна да го моли тренерот да ја предаде борбата затоа што не се чувствува силен дека може да победи. Во тој момент тренерот започна да го убедува борецот дека не смее никако да ја предаде борбата дека мора да продолжи и дека може да победи.

Повеќе од една минута траеше расправијата меѓу двајцата, а тренерот беше категоричен и рече дека нема да ја прекине борбата. „Можеш да победиш. Го имаме. Остани на нозе. Оди во клинч. Престани, ти си првак…“, беа само дел од убедувањата на тренерот да не му дозволи на својот борец да прекине.

Сепак, самиот Рошкопф беше решителен и само повторуваше дека борбата мора да престане. На крајот борецот реши дека е доста и на судијата му сугерираше дека нема да продолжи борбата и се предаде.

- Оглас -

Најнови вести