Неверојатниот Дончиќ уфрли 60 поени, Сан Антонио после седум години се враќа во плејофот (Видео)

Сан Антонио спарс за првпат по 2019 година ќе учествува во плејофот во НБА лигата, а обезбедувањето на едно од првите шест места на Западот дојде со драматичната победа од 101-100 против Феникс санс.

При 100-99 за Санс, Виктор Вембањама одлучи да решава ситуација „еден на еден“ и погоди победнички шут преку човек на 1,1 секунда до крајот. Кошот погледнете го ТУКА. Така, Мамузите по многу долго време ќе играат плејоф, а тренер да не им е Грег Попович. Вембањама постигна 34 поени, имаше и 12 скока.

Лос Анџелес лејкерс славеше на гости кај Мајами со 134-126 во меч кој ќе се памети по 60-те поени на Лука Дончиќ. Ова е најефикасна игра на еден член на Езерџиите уште од оние 81 поен на Коби Брајант против Јута на неговиот последен меч во 2016 година. Лука стана првиот бек во историјата на НБА кој постигнал 60 поени за два различни клуба, а личниот рекорд му е 73. Словенецот има серија од осум меча по ред на кои дава 30+ поени.

Така тој успеа да го засени соиграчот Леброн Џејмс кој направи трипл-дабл против својот некогашен клуб и тоа на мечот на кој стана рекордер по бројот на одиграни натпревари во регуларна сезона. Падна рекордот на Роберт Периш кој важеше 30 години. Џејмс има 1.611 настапи, а ако се смета и плеофот, во НБА одиграл 1.903 мечеви.

Детроит победи против Вашингтон со 117-95 и дојде до 50-тата победа сезонава. Дуелот со еден од најслабите тимови им дојде во вистински момент, после шокантната вест дека прввиот стрелец и ѕвезда, Кејд Канингем, има болест на белите дробови, и можеби нема да игра до крајот на регуларната сезона, по две недели ќе му бидат правени нови испитувања.

- Оглас -

Најнови вести