Неверојатниот Клеј Томпсон – Сакаше да игра со скинати лигаменти, паузата ќе биде 6 месеци (Видео)

Клеј Томпсон со челичната волја да не го остави тимот на цедило во шестиот меч од финалната серија, покажа дека има вистински јунаци и во екипите што се поразени, а се обиде да го доигра мечот, иако имаше тешка повреда на коленото.

При еден контранапад во третата четвртина, бекот на Голден стејт вориорс беше фаулиран од Дени Грин, а во обидот да забие падна незгодно и го повреди коленото.

Прегледите покажаа дека Томпсон ги скинал предните вкрсетни лигаменти и ќе мора на операција па паузата ќе биде долга, при вакви повреди околу шест месеци.

Но, Клеј сакаше да продолжи да игра, дури се врати на паркетот да ги изведе слободните фрлања, а потоа остана и во следниот напад на Торонто, но не можеше да продолжи.

Томпсон беше најефикасен на мечот со 30 поени, а Голден стејт вориорс со пораз од 110:114 и вкупен резултат од 2:4 му ја предаде титулата на Торонто репторс.

Претходно се повреди и Кевин Дурант, па Голден стејт, ако Томпсон и популарниот Кеј-Ди останат во клубот веќе има многу проблеми и ќе ја почне новата сезона некомплетен.

- Оглас -

Најнови вести