Неверојатно баскузен автогол на Ривер плејт, и „асистенцијата“ е на нивен играч (Видео)

Ривер плејт претрпе домашен пораз од Банфилд со 1-3 во професионалниот Лига куп во Аргентина, а решавачкиот погодок со кој беше поставен конечниот резултат беше смешен автогол.

Малерот беше Хавиер Пинола. Тој најпрвин успеа да му ја одземе топката на крилото Маурисио Куеро од Банфилд, кој беше во налет, но топката стигна до Пауло Дијас, кој немаше време да реагира, па топката се врати кај Пинола, кој уште трчаше и топката од него се одби во гол.

Ова се сите голови на мечот, а авготолот е за 1-3:

https://www.youtube.com/watch?v=8FbWsH1fLCo

- Оглас -

Најнови вести