Неверојатно: боксерка позитивна на допинг-тест откако имала секс!

Боксерката Вирџинија Фукс ќе има право на настап во квалификациите за Олимписките игри во Токио иако беше позитивна на допинг-тест. Таа нема да биде суспендирана затоа што се покажа дека навистина не е виновна што резултатите од тестирањето покажале дека земала стимулативни средства.

Американката која има 32 години и се бори во лесна категорија, во февруари падна на допинг откако во нејзиното тело се пронајдени две недозволени супстанци. Таа цело време тврдеше дека не е виновна и дека до резултатите дошло по пат на полов однос, а на крајот излезе дека тоа е точно.

Имено, нејзиниот партнер користел средства кои не се дозволни од светската антидопинг агенција, па во текот на односот дошло до пренос во нејзиното тело.

„Ова беше голема лекција за мене и сега целосно сум фокусирана на пласман во Токио“, напиша Фукс на „Твитер“.

 

- Оглас -

Најнови вести