Неверојатно брутално: Доби црвен картон во петтата секунда од мечот (Видео)

На азиското фудбалско првенство за играчи до 20 години се случи еден несекојдневен момент. Само по пет секунди од почетокот на мечот, Бакер Калбунех, репрезентативецот на Јордан, доби директен црвен картон.

Неверојатен беше потегот што го направи несмасниот играч, кој со отворен ѓон отиде директно во главата на противникот.

Иако репрезентацијата на Јордан во текот на целиот меч беше со фудбалер помалку, тие ја оправдаа улогата на фаворити и на крајот победија со 2:0, и тоа благодарение на головите постигнати во првите 25 минути од средбата.

- Оглас -

Најнови вести