Неверојатно: дојде во Барса во јануари, и сака да ја носи десетката на Меси

Мартин Брајтвајт кој во јануарскиот преоден рок потпиша за Барселона како привремено решение во нападот поради отсуството на повредениот Луис Суарес, сега има амбиција да го земе дресот со бројот 10, кој го носеше Лионел Меси, на кого деновите во Барса изгледа му се одбројани.

Данецот кој во Барселона дојде од Леганес, денеска заедно со Жорди Алба и тренерот Роналд Куман, беа првите кои се појавија на тестирањето за коронавирус. Брајтвајт побарал да ја земе десетката по заминувањето на Меси од клубот, што предизвика чудење кај многумина. Во последните 18 години, дресот со бројот 10 во Барселона го носеле само големи ѕвезди како Рикелме, Роналдињо и Меси. Претходно овој број стоепе и на грбот на ѕвезди како Ромарио, Марадона, Хаџи, Ривалдо, Стоичков, итн.

Брајтвајт е далеку од нивната величина, и затоа интересно ќе биде да се види одговорот од клубот и дали легендарната десетка ќе му припадне нему, или на некој друг.

- Оглас -

Најнови вести