Неверојатно е висок коефициентот за победа на Реал кај тимот кој треба да испадне

Реал Мадрид во минатото коло ја обезбеди титулата во шпанското првенство, па дуелот против Леганес ќе биде само шампионска промоција на Кралскиот клуб. Додека Реал доаѓа на ова гостување со шампионско расположение, Леганес е пред „невозможна мисија“.

Домаќините имаат последна шанса да избегнат од зоната за испаѓање, но ќе биде навистина тешко да се спасат посебно ако се знае дека Реал Мадрид им гостува во најсилниот состав. Многумина очекуваа дека тренерот Зинедин Зидан за ова коло ќе ослободи барем дел од оние играчи кои го понесоа најголемиот товар во сезоната, но тоа не се случи.

Единственот изненадување на листата од 22 играчи кои отпатуваа на гостувањето е тоа што го нема Герет Бејл. Предвидувањата беа дека Бејл ќе биде стартер во овој небитен меч, но Зидан не само што не планира да го пушти во игра, туку воопшто не го ни повика во составот. Некои медиуми во Шпанија пишуваат дека Бејл самиот побарал да не патува на ова гостување.

Иако сите главни играчи се во составот на Реал, коефициентот за триумф на гостите е неверојатно голем, па во Sport Life триумф на Кралскиот клуб „се наплаќа“ со коефициент 2.20

На последните неколку меча, Бејл правеше своие шоу на клупата за резерви, а кога сите играчи на Реал ја славеа титулата и на раце го креваа тренерот Зидан, Бејл буквално стоеше со скрстени раце. Сега Зидан реши да го казни и воопшто да не го вметне во составот од 22 играчи за дуелот со Леганес. 

 

- Оглас -

Најнови вести