Неверојатно: Голманот ја одби топката над пречка, а судиите покажаа дека е гол (Видео)

Грешките на судиите во фудбалот се чести, но има некои киксеви на арбитрите кои тешко е да се објаснат. Една таква огромна грешка се случи на натпревар од Купот на тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина.

Екипата на Горњи Рахиќ како гостин го победи Сеоне со 5-3, а во 71-вата минута домашните добија подарок гол од судиите. Тимот на Сеоне изведе слободен удар, а голманот на Горњи Рахиќ ја боксуваше топката преку пречката. И тогаш наместо да покаже корнер, судијата на сигнализација на помошникот покажа кон центарот, што предизвика шок кај сите.

Џабе беа протестите, голот беше признат иако топката не заврши во мрежа. Снимка од спорниот момент може да видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести