Неверојатно: Гвардиола и Меси биле пред трансфер во Хетафе!

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес, раскажа една приказна чие сценарио не се оствари, а тоа е дека Пеп Гвардиола и Лионел Меси биле пред трансфер во неговиот клуб од едно мадридско предградие.

„Во првата или втората сезона на Меси во првиот тим, малку фалеше да заврши кај нас на позајмица. Работата ја расипа Франк Рајкард, кој не се согласи и нашата желба остана неостварена“, вели Торес.

Првиот човек на Хетафе додава дека можеле да привлечат уште една легенда на Барса, тренерот Гвардиола. Во 2008 година Барса го отпушти Рајкард и главен кандидат бил Михаел Лаудруп, тогашен тренер на Хетафе. Ако Лаудруп завршел на клупата на Барселона, Хетафе планирал да го ангажира Гвардиола.

„Имавме идеја Лаудруп да оди во Барселона, а него кај нас да го замени Гвардиола од Барса Б. Лапорта тогаш не беше убеден дека Гвардиола е вистинско решение за нив, но се премисли“, вели Торес.

Гвардиола сепак седна на клупата на Каталонците и за четири години освои 14 трофеи, со што е најуспешен тренер во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести