Неверојатно: „Божјата рака“ на Марадона во 1986 година предвиде дека следната титула на Аргентина ќе биде во Катар! (Фото)

На острото око на аргентинските навивачи, ниту еден детаљ не може да им побегне, па така само тие забележаа една случајност која си ја толкуваат како „божји знак“.

На легендарната фотографија од 1986 година, на која Диего Марадона ја прославува титулата светски првак на Аргентина, тој во десната рака го држи трофејот, а левата му е крената нагоре, точно под катарското знаме кое виси од покривот на „Ацтека“ во Мексико сити.

Со таа лева „божја рака“ Марадона го даде славниот гол против Англија во четвртфиналето, а Аргентинците веруваат дека тоа што Диего токму со таа рака покажува кон катарското знаме, било предвидување дека во таа земја Аргентина ќе ја освои наредната светска титула.

- Оглас -

Најнови вести