Неверојатно, последните четири црвени картони ги добија играчи на Сити што се родени иста година, а разликата меѓу нив е само 24 часа

Манчестер сити вчера славеше тешка победа над Фулам до 2:1 во 15-то коло во Премиер лигата  и тоа благодарение на голот на Ерлинг Халанд во 95-та минута од пенал.

Работата на соиграчите им ја отежна Жоао Кансело кој во 26 минута доби црвен картон по што Фулам со голот на Переира од пенал дојде до израмнување.

Интересно е што последните четворица фудбалери на Манчестер сити што добиле црвен картон се родени на 27 и 28 мај 1994 година.

Кансело е роден на 27 мај 1994 година, како и Ејмерик Лапорт кој беше исклучен на дуелот со Кристал Палас. Кансело беше исклучен и на натпреварот против Брајтон.
Најмал во ова друштво, е Џош Стоунс кој заработи црвен картон против Астон Вила, а е роден на 28 мај 1994 година.

- Оглас -

Најнови вести