Неверојатно: Повеќе од 20.000 Аргентинци бараат напаѓачот на Сити да раскине со девојката

Фановите на Хулијан Алварес и на аргентинската репрезентација покренаа петиција со која бараат напаѓачот на Манчестер сити да ја прекине врската со девојката, Емилија Фереро.

Досега се потпишале повеќе од 20.000 фанови, а причината за петицијата е потегот на Фереро која налутила група Аргентинци кои сакале да се сликаат со Алварес.
Имено, Фереро која четири години е во врска со Алварес, не му дозволила на своето момче да се слика со навивачите.

Хулијан Алварес беше дел од репрезентацијата на Аргентина која по пауза од 36 години, минатиот месец триумфира на Светското првенство што се одржа во Катар. Тој во Катар постигна четири гола.

Аргентинецот по прославата на титулата во татковината, се врати на клупските обврски во Манчестер сити и ги одигра последните минути од средбата на Граѓаните и Евертон која изненадувачки заврши без победник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести