Неверојатно: топката удри во пречка и статива, а за судиите тоа е гол (Видео)

Во чилеанската втора лига (Примера Б) судиите признаа гол кој не смееја да го признаат, затоа што топката не ја мина гол-линијата.

Ова се случи на мечот помеѓу Кобрелоа и Сантијаго Вондерерс. Со голот на Ескаланте кој беше признат, домашните изедначија на 1-1, и тоа беше и конечен резултат. Топката удри во пречка и статива, а главниот судија Бланка и еден од помошниците, Еспинлдола, „видоа“ дека е гол.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести