Невиден подарок од Катарците за Сенегал – Прекината е низата од 0:0 на полувреме на пет меча (Видео)

Стоперот на Катар, Буалем Куки, направи невидена грешка во својот шеснаесетник во 41-вата минута и на комичен начин му подари гол на Булаје Дија, кој погоди рутински и му донесе предност на Сенегал од 1:0.

Дија само си го искористи големиот подарок од Куки, а голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Сенегал беше подобар ривал во првиот дел и е поблиску до победа, но ќе мора да ја потврди во второто полувреме.

Двете репрезентации загубија во првото коло со идентични 0:2, Катар од Еквадор, а Сенегал од Холандија.

Вчера сите четири натпревари завршија со 0:0 по првото полувреме, а тој резултат по првите 45 минути игра денеска беше актуелен и на дуелот меѓу Велс и Иран, но серијата од пет меча со резултат 0:0 на полувреме ја прекинаа Дија и Сенегал и трагичарот Буалем Куки.

 

- Оглас -

Најнови вести