Невиден погодок од 80 метри – Се пишува како автогол, а е ремек-дело на голман на Бенфика (Видео)

Голманот на вториот тим на Бенфика, Самуел Соареш, постигна прекрасен погодок од 80-тина метри иако тој е запишан како автогол на противничкиот чувар на мрежата, Мигел Сантош од Трофенсе.

Соареш од својата половина упати долг дегажман на противничката половина и топката најпрво ја погоди пречката на домашниот гол, па од грбот на голманот Сантош заврши во мрежата.

Фантастичен гол, или автогол, сеедно, а го прави уште поубав поради позицијата на домашниот голман, кој беше речиси на гол-линијата и не успеа да го сопре фантастичниот лет на топката од околу 80-тина метри.

Во тој момент во 65-тата минута Бенфика Б израмни на 1:1, а потоа и победи со 2:1 со уште еден погодок во 82-рата минута, дело на Семедо.

- Оглас -

Најнови вести