Невиден потег на УЕФА, ќе им ги врати парите на навивачите на Ливерпул

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да им ги врати парите на навивачите на Ливерпул кои присуствуваа на минатогодишното финале во Лигата на шампионите во Париз, соопшти УЕФА, откако извештајот на независната комисија покажа дека таа е одговорна за хаосот што се случи надвор од стадионот.

Финалето кое се играше на 28 мај започна со 36 минути задоцнување откако илјадници навивачи на Ливерпул не можеа да влезат на стадионот „Франција“.

Француската полиција беше снимена како фрла солзавец врз навивачите на Ливерпул, меѓу кои имало жени и деца. Иако УЕФА првично ги обвини навивачите на Ливерпул за хаосот, по објавувањето на извештајот на независното тело, се извини на фановите на англискиот тим тим во финалето загуби од Реал Мадрид со 1:0.

„Зедовме во предвид голем број на ставови искажани и јавно и приватно и веруваме дека донесовме решение е сеопфатно и правично. Ги препознаваме негативните искуства на навивачите тој ден и со оваа одлука, ќе им ги вратиме парите на навивачите кои купија билети“, изјави генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис.

УЕФА објави дека ќе им ги врати парите на навивачите кои имаа купено влезници за портите A, B, C, X, Y и Z каде се случија најсериозните инциденти. Навивачите на Ливерпул за финалето добија 19,618 билети кои чинеа меѓу 69 и 685 евра.
Парите ќе им бидат вратени и на навивачите кои не успеале да влезат на стадионот пред 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести