Невидени сензации во Лигата на Нации – Унгарија ја нокаутира Германија, од А сегментот испадна Англија (Видео)

Адам Салаи е големиот јунак на Унгарија во уште поголемата победа против Германија во Лигата на Нации, со што Унгарците се на чекор од првото место и битка за пехарот.

Салаи погоди велемајсторски во 17. минута, по корнерот што го изведе Собослаи, а беше стрелец со петица за победа од 1:0 во Лајпциг.

Голот на Салаи кој е велемаксторски можете да го погледнете ОВДЕ.

Собослаи постојано беше на мета на домашните навивачи, кои го гаѓаа со тврди предмети, иако тој игра за Лајпциг и вечерва настапи на „својата“ Ред Бул арена.

Унгарија е прва на табелата со 10 бода и ќе игра дерби за првото место на свој терен против Италија во последното коло.

Аѕурите вечерва со 1:0 ја победија Англија и имаат 8 бода, а Гордиот Албион го испратија во Б сегментот.

Џакомо Распадори постигна прекрасен гол за победа на Италија на „Сан Сиро“ во Милано.

https://twitter.com/PTG_43/status/1573405449952841729?s=20&t=77VS2zq8P5kbEDYKg2lY2w

Англија во пет кола нема победа и постигна само еден гол, па освои само два бода и нема ниту теоретски шанси за спас од испаѓање.

Шанса за првото место во таканаречената група на смртта нема ниту Германија со шест бода на едно коло до крајот на натпреварите.

 

- Оглас -

Најнови вести