Гери Невил: Ако не остане Солскјер, ќе има бунт во Манчестер

Некогашниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Гери Невил, рече дека во клубот ќе настане бунт доколку „црвените ѓаволи“ не го задржат на подолг период менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот го наследи Жозе Мурињо во декември и оттогаш тимот во Премиер лигата освои 26 од можните 30 бода. Манчестер не знае за пораз на домашна сцена и со привремениот тренер Солскјер на клупата загуби само од ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Договорот на Солскјер е до крајот на сезоната, а неговиот некогашен соиграч смета дека Оле Гунар направил доволно за да добие договор на подолг рок.

„Ако му ја дадат тренерската работа на некој друг, во Манчестер ќе има бунт. Навивачите го пеат неговото име и се блиски со него. Не мислам дека клубот треба да бега од тој факт. Научивме многу од однесувањето во второто полувреме против Ливерпул. Пред три месеци фановите скандираа напад, напад, а сега цело полувреме пееја за Оле Гунар“, изјави Невил.

 

- Оглас -

Најнови вести