Невкусен предизвик од кој тренерот на Елмас си ги наполни џебовите

Дарио Симиќ, поранешен член на Милан и хрватската репрезентација, откри интересна анегдота поврзана со тренерот на Елиф Елмас, Џенаро Гатузо, од периодот кога ја делеле соблекувалната во Милан.

Од невкусниот предизвик Гатузо ја добил кладбата со соиграчите, на сред тренинг изел жив полжав.

„Јас мислев дека е гасеница, но се испостави дека е полжав, кој во несреќниот момент за него се најде на теренот покрај Гатузо. Мислам дека тоа беше пред еден тренинг пред полуфиналето со Манчестер јунајтед. Рино го зеде полжавот и го праша Каладѕе дали може да го изеде. Каладѕе му одговори дека ќе му даде 10.000 евра ако го стори тоа, тогаш Гатузо без размислување во стави полжавот во уста додека јас размислував дали ќе го гризне или директно ќе го проголта. Нему не му беше ништо, но нам ни се гадеше и не болеа желудниците од тоа што го видовме“, истакна Симиќ за „Спортске новости“.

- Оглас -

Најнови вести