Незаборавниот гол на Филип Ивановски како мотивација за „лавовите“ од Ѓорче Петров (Видео)

Македонија Ѓорче Петров утре од 18.30 часот на националната арена „Тоше Проески“ ќе го игра третото куп-финале во клупската историја, а противник на популарните „лавови“ ќе ѝ биде Академија Пандев.

Ѓорчепетровци со задоволство се потсетуваат на 2006 година, кога во едно од најубавите финалиња во Македонскиот куп ја победија Шкендија со 3:2.

И како поттик пред утрешниот предизвик на клупската интернет-страница го поставија видеото со незаборавниот продор и гол на Филип Ивановски во 93-тата минута.

Тогаш, во олујното попладне во Скопје, Шкендија на двапати водеше, со 1:0 и 2:1, но Филип Ивановски со два гола во последните десеттина минути го донесе пехарот во Ѓорче Петров, единствен засега во витрините на Македонија Ѓ.П.

Три години потоа Македонија Ѓ.П. играше уште едно финале, но загуби од Работнички по изведување на пенали. Академија Пандев ќе го игра првото финале во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести