Незадоволниот Роналдо во новогодишната честитка го искритикува Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо на своите фанови и следбеници им ја честиташе новата 2022 година, а во честитката изрази разочарување од резултатите на неговиот клуб Манчестер јунајтед, и си посака подобри резултати во новата година.

„Во 2021 година не беше лесно, иако дадов 47 голови во сите натпреварувања. Играв за два различни клуба под раководството на пет различни тренери. Горд сум што со Јувентус ги освоив Купот и Суперкупот на Италија, бев прв стрелец во Серија А. Со националниот тимбев број 1 кај реализаторите на ЕП. Враќањето на Олд Трафорд ќе биде еден од најнезаборавните моменти во мојата кариера. Но, не сум задоволен од резултатите на Манчестер јунајтед. Никој од нас не е задоволен, сигурен сум во тоа. Новогодишната ноќ нека биде пресвртна точка во сезоната! Да бидеме со посилен дух во 2022 година. Да дадеме се од себе и да го вратиме клубот таму каде што му е местото! Сметаме на ваша поддршка! Среќна Нова година“ – напиша Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести