Незапаметен дебакл на Базел

Еден од најтрофејниот швајцарски клубови, Базел, претрпе дебакл во нациналниот куп откако со 6:2 беше елиминиран од второлигашот Винтертур. Иако беше голем фаворит, Базел уште во првото полувреме прими два гола и тоа беше најава за испаѓање од купот.

На стартот од второто полувреме, второлигашот заигра уште подобро, па во 60-тата минута веќе беше 5:0. Пред крајот на мечот, Базел со два гола успеа да ја намали високата негатива, но на крајот следуваше и шести погодок за Винтертур, екипа која е на петтото место во втората швајцарска лига.

„Тажен сум и разочаран. Ги заслужуваме сите критики и мора да преземеме нешто за да се подобриме“, рече играчот за врска на Базел, Валентин Стокер.

Според швајцарските медиуми, овој пораз на Базел ќе значи и отказ за тренерот Чирјако Сфорца. Базел моментно е на второто место во првенството дури со 16 бодови заостанување зад лидерот Јанг бојс.

- Оглас -

Најнови вести