НХЛ го казни Чикаго со два милиони долари за настан од пред 11 години

Екипата на Чикаго Блекхокс доби неверојатна казна од два милиони долари од страна на НХЛ за настан што се случил пред 11 години.

Најголемата казна во историјата на хокејот беше изречена поради сексуални напади од страна на некогашниот тренер на овој тим, Бред Олдриџ, кој во 2010 година се обидел да нападне вработена жена во овој тим.

Истрагата е завршена од пред некој ден, а во извештајот детално е објаснет настанот дури на 107 страници, а половина од парите за казната ќе заминат во локалните зааедници коишто им помагаат на жени кои се сексуално и на друг начин нападнати.

- Оглас -

Најнови вести