НХЛ лигата во тага: Хокеар на Едмонтон почина на 26 години

Канадскиот хокеар Колби Кејв почина на само 26 години откако пред пет дена беше хоспитализиран поради излив на крв во мозокот. Иако веднаш интервенирале и му направиле хируршки зафат, по неколку дена во вештачка кома членот на Едмонтон ојлерс не успеа да преживее.

„Со огромна тага соопштуваме дека Колби почина во раните утрински часови. Сите сме во шок, но знаеме дека беше сакан и омилен меѓу пријателите и соиграчите во клубот“, стои во соопштението на Едмонтон.

Кејв ја започна кариерата во НХЛ лигата во 2017 година во редовите на Бостон бруинс, а од јануари минатата година се пресели во тимот на Нафташите.

- Оглас -

Најнови вести